Американска шпионска мрежа во центарот на нападите во Хавана
Нападите врз американскиот персонал во Амбасадата во Хавана го погодија средиштето на шпионска мрежа на САД на Куба, при што разузнавачи се меѓу првите и најтешко погодените, јавуваат американски емдиуми.
Неименувани извори велат дека кога американски шпиони кои работат со дипломатски статус пријавиле дека слушаат чудни звуци и чувствуваат несоодветни физички ефекти, САД сфатиле дека нешто не е во ред. Нападите почнаа неколку дена по изборната победа на американскиот претседател Доналд Трамп во ноември лани, но се уште не е јасно кога точно.
Нејасно е и дали разузнавачите биле први кои биле нападнати или само први кои тоа го пријавиле. Стејт департментот и ЦИА одбија да коментираат дали разузнавачките на Куба се загрозени. Пред три дена САД наредија повлекување на окоу 60 отсто од персоналот од Амбасадата во Хавана поради „специфични напади“ врз дипломати и ги предупредија американските граѓани да не патуваат на Куба.
Ново на Сител
-
Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово
-
Дел од булеварот „Партизански одреди“ без вода
-
Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва