Американците со рекордно ниво на задолженост од 12.840 милијарди долари
Задолженоста на Американците во вториот квартал од годината се искачи на рекордно ниво од речиси 12.500 милијарди долари благодарение на умерениот раст на хипотекарните и кредитите за автомобили, како и долгот за кредитни картички.
Вкупно, долгот на американските домаќинства во второто тромесечје изнесува 12.840 милијарди долари, што е за 552 милијарди долари повеќе во споредба со минатата година, покажуваат податоците на њујоршката филијала на ФЕД.
Од вкупната сума 4,8 отсто се лоши кредити, исто како и претходниот квартал. Предупредувачки сигнал е и влошувањето на наплатливоста на долгот по кредитните картички. што може да доведе до раст и понатамошни проблеми на потрошувачите.
Во вториот квартл во САД вредноста на хипотекарните кредити изнесува 8.690 милијарди долари односно 329 милијарди повеќе од минатата година. Додека за студентски кредити - 1.340 милијарди долари или 85 милијарди повеќе, а за заеми за автомобили - 1.190 милијарди или 55 милијарди повеќе.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи