АмЧам Македонија избра ново лидерство
Јелена Арсовска, Михаел Солтер и Драган Давитков се новите членови на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија).
Беа избрани на 19. годишно Генерално собрание на кое присуствуваа претставници од 85 компании, членки на Комората.
Настанот го отвори претседателот на Одборот на директори, Љупчо Георгиев од „Мајкрософт“, нагласувајќи дека деловниот сектор треба да има можност континуирано да дава препораки и коментари за предложени измени во законодавството, како и да разговара со креаторите на политики за идеи кои би ја подобриле регулативата и би го зајакнале деловното опкружување.
Официјално обраќање имаше и амбасадорката на САД во Република Македонија, Кејт Мери Бернс, која ја нагласи улогата на АмЧам во делот на заземање за деловната заедница. Укажа и на важноста од учеството на бизнис заедницата во демократските случувања и промени во земјата, како и можноста за напредок, интеграција, проширување на пазарот и зголемување на транспаретноста и предвидливоста на бизнис политиките. Таа ја посочи и важноста на борбата против корпуцијата и владеењето на правото како главни двигатели и на општествениот и на економскиот прогрес.
Според извршната директорка на АмЧам Македонија, Дијана Десподов, која го презентираше извештајот за реализираните активности и проекти во изминатите 12 месеци, забележано е зголемување на бројот на членки за 10 отсто во однос на минатата година. Десподов истакна дека годинава се одржале вкупно 61 состанок со владини претставници и креатори на политики со цел зајакнување на деловното опкружување и подобрување на регулативата.
АмЧам Македонија ја сочинуваат 136 компании од различни сектори и индустрии чии членки се посветени на зајакнување на гласот на меѓународниот бизнис во Македонија, промоција на одржлива, предвидлива и конкурентна бизнис средина, како и општествена одговорност на компаниите. Членките на АмЧам имаат вкупен годишен обрт од четири милијарди евра и вработуваат 40.000 граѓани.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на предновогодишно дружење со македонските мировници и нивните семејства
-
Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето
-
Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти
-
Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија
-
Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ