Амбасадорот Марковски се сретна со албанскиот министер за внатрешни работи
Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, вчера попладне оствари работна средба со албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи, информираа од амбасадата.
– На средбата беше потврдена добрата соработка помеѓу министерства за внатрешни работи на двете земји, како и заложбата за натамошно проширување на соработката на повеќе полиња, а со цел заштита на мирот и безбедноста на нашите граѓани, додаваат од амбасадата.
Двајцата соговорници истакнале дека во наредниот период очекуваат имплементирање на проектот One Stop Shop, со која се минимилизираат граничните процедури како за луѓето така и за бизнисите.
Договорот за тоа албанскиот парламент го ратификува на 25 минатиот месец, а синоќа го потпиша претседателот Илир Мета.
Со него се предвидува на сите гранични премини на македонско – албанската граница да има само по еден контролен шалтер.
Амбасадарот Марковски, побарал од министерот Чучи да биде разгледена можноста граничниот премин Џепиште – Требиште кај Дебар, кој е од локален карактер, да почне да фунционира 24 часа.
Најавена е наскоро билатерална средба на министерствата за внатрешни работи на двете земји.
Ново на Сител
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд
-
Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот
-
Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
-
Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта