Амбасадата на САД во Турција повторно издава визи, но на „лимитирана основа“
Американските конзулски служби во Турција делумно го обновија процесот на издавање визи, соопшти денеска Амбасадата на САД во Анкара.
Извор од турската Влада наведе дека Анкара најверојатно ќе го следи таквиот чекор на Вашингтон, што би било вовед во надминување на дипломатската криза меѓу двете земји.
Потегот на американските конзулати, доаѓа непосредно пред посетата на турскиот премиер Бинали Јилдирим на Вашингтон.
Речиси еден месец беше суспендирано издавањето американски визи за турски државјани, што беше проследено со реципроцитетен одговор на Анкара.
Дипломатската криза започна кога турските власти уапсија службеник од турска националност во американскиот конзулат поради наводни врски со проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого турската влада го смета за организатор на обидот за државен удар на 15 јули минатата година.
„Мисијата на САД во Турција продолжи со процесуирање на визи на ограничена основа ", се наведува во денешното соопштение од Амбасадата. Сепак, во соопштението се додава дека интервјуата за добивање виза ќе бидат лимитирани и веројатно ќе треба подолг период за нивно одобрување или одбивање.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп