Алтернатива го освежува раководството на партијата со нови кадри
На вчерашниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива, се дискутираше за одредување на новото раководство на партијата по Вонредниот конгрес на кој за Претседател беше избран Зеќирија Ибрахими, соопштија од партијата.
„По плодна дебата во Претседателството и оценувајќи ја потребата за освежување на раководните органи на партијата со нови кадри, за постигнување на стратешките цели на партијата, по предлог на Претседателот Зеќирија Ибрахими, беа избрани раководните органи на партијата како што следува:
- Амир Елези- Генерален секретар
- Арбен Лабеништи- Потпретседател
- Орхан Муртезани- Потпретседател
- Сафие Садики Шаини- Потпретседателка
- Афан Елези -
-Потпретседател
- Башким Муртези– Организациски секретар
- Беким Сали– Секретар за човечки ресурси
- Адмирим Алити- Секретар на Секретаријатот на одделенијата
- Фисник Мела– Секретар за стратешки политики
- Дритон Сулејмани- Секретар за односи со јавноста
Оваа одлука уште еднаш покажува високо ниво на демократија и внатрешна стабилност на Алтернатива, давајќи им можност и простор на новите кадри да придонесат во највисоката хиерархија на партијата“, велат од Алтернатива.
Ново на Сител
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала