Алкалоид – резултати од работењето за периодот јануари – септември 2019 година
На ниво на групација нето профитната маржа за првите 9 месеци од 2019 година изнесува 8,9%, оперативната маржа е 10,4%, додека ЕБИТДА маржата изнесува 16,2%.
Инвестиции
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - септември 2019 година изнесуваат 602.620.282 денари. Вложувањата воглавно се наменети за проширување на производните капацитети.
Во 2019 година започнаа инвестициите во новите производни одделенија што ќе се простираат на површина од 7.000 м² и кои како и останатите, ќе се изведуваат во согласност со строгите барања за Добра производствена практика (GMP). Ова ќе овозможи зголемување на капацитетите за производство за најмалку 50%, односно од сегашниот капацитет од речиси 2 милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од 3 милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми. Вкупниот износ на инвестицијата е проценет на 11 милиони евра. Комплетирањето на оваа инвестиција, планирано за првата половина од 2020 година, ќе создаде услови за реализирање на околу 200 нови вработувања во сегментот Фармација.
Вработени
Во периодот јануари - септември 2019 година во Алкалоид се реализирани 127 нови вработувања во Република Северна Македонија. Со тоа на крајот на септември 2019 година во Алкалоид АД Скопје работат 1.576 вработени додека во друштвата и претставништвата во земјата и во странство има вкупно 536 вработени или вкупно 2.112 вработени во групацијата.
Со Одлука на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2019 година, одобрен е и исплатен, регрес за користење на годишен одмор на вработените во компанијата, во висина од 27.709 денари бруто, односно 24.938 денари нето, додека во август 2019 година, одобрено е зголемување на нето платата на вработените за 5,2% почнувајќи од 01.09.2019 година со што просечната исплатена нето плата за септември 2019 година достигна 46.686,00 денари.
Податоци за акциите
Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари - септември 2019 година се движеше од 8.200,00 денари до 11.500,00 денари или просечно 8.955,70 денари за една акција. Пазарната капитализација на компанијата достигна 16 милијарди денари.
Бизнис план за 2019 година
Бизнис планот за 2019 година донесен со одлука на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2018 година предвидува инвестирање на околу 16% од консолидираните продажби во материјални и нематеријални средства од сопствени извори, раст од најмалку 7% на консолидираните продажби во однос на 2018 година како и раст од најмалку 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2018 година.
Согласно досегашните резултати, при непроменети услови на пазарите во кои фунционира Алкалоид, Менаџментот на компанијата проценува надминување на планираните продажби и планираниот профит за 2019 година.
Ново на Сител
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите