Алис Купер случајно најде слика на Ворхол вредна десет милиони долари
Некои луѓе забораваат каде ги оставиле клучевите или телефонот, а некои едноставно „некаде затурат“ слика вредна повеќе од десет милиони долари.
Тоа му се случило на рок пејачот Алис Купер кој заборавил дека има платно на Енди Ворхол, со кого се спријателил и се дружел во 70-те години од минатиот век.
- Во тоа време се се одвивало во вртлогот на дрогата и алкохолот, вели долгодишен менаџер на Купер, Сеп Гордон за британски „Гардијан“.
Според него, во тоа време Купер станал сопственик на сликата „Мала електирчна столица“, која е дел од серијалот слики на Ворхл под назиб „Смрт и катастрофа“.
Врз основа на новинска фотографија од затворот Синг Синг снимена во 1953 година, Ворхол нацртал слика на која е прикажана на електрiчна столица слична на оние какви што Купер користел на своите настапи. Сликата за 2.500 долари ја купила поранешната девојка на Купер, Синди Ланг и му ја подарила на пејачот за роденден.
Но, сликата набрзо била симната од ѕид и завршила „во остава“.
Пред четири години во текот на вечера со еден дилер на уметнички дела Купер ја споменел сликата на Ворхол, па дилерот инсистирал да и влезе во траг. По некое време, мајката на Алис Купер се сетила дека сликата била „завитката во ролна“ и оставена во плакар.
- Требаше да му го видите лицето на Алис кога експертот му ја соопшти нејзината сегашна вредност. Вилицата му се спушти до земја. Погледа со ококорени очи и праша: „Дали си сериозен“?, раскажа Гордон.
Можно е сликата сепак да не ја достигне споменатата вредност од десет милиони долари, бидејќи Ворхол никогаш не ја потпишал. Тоа би значело дека и покрај тоа што експертот за уметнички слики е сто отсто сигурен дека е оригинално дело на Ворхол, сепак ќе биде потешко да се продаде без автентичен потпис.
- Можеби токму поради тоа Купер сега размислува да ја закачи на ѕид во куќата, рече Гордон.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата