Македонија
21. January 2023 - 13:20

Алијанса одлучува дали вреди да влезе во Влада

Алијанса за Албанците денеска на Централно Собрание во Куманово одлучува дали вреди партијата да влезе во бладината коалиција или сепак ќе профолжи да делува како опозиција. 

Претседателот на партијата, Арбен Таравари пред почетокот на Собранието кажа дека раководството на партијата ќе засега нема предлози кои министерства би ги презела неговата партија. 

-Нема предлог. Тоа се шпекулации. Вие знаете уште пред три месеци ни викавте предлог министри или не на министри, нема врска. Денеска првпат ќе зборуваме за тоа дали вреди да се разговара на оваа тема или треба да се прекине и треба да одлучиме да продолжиме како опозициска партија, рече Таравари, додавајќи дека доколку има предлог досега ќе бил презентиран. 

Во однос ма обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека странска амбасада побарала од Ачијанса да влезе во Владата, Таравари рече дека никој нема право да се меша во одлуките на партијата. 

-Јавно им кажувам нема право никој да се меша  во Алијанса за Албанците, ниту меѓународен фактор, ниту внатрешен вактор, ниту надворешен фактор. Меѓутоа, ние сме имале комуникација со нив и ни е кажано дека европската агенда треба по секоја цена да се протурка, дека не треба да се брза со избори, дека и ние сме кажале дека и ако сме опозиција и ако сме во Влада ќе ги изгласаме уставните промени. Значи, нема таков фактор којшто може да влијае на Алијанса за Албанците за да биде одлучувачки, вели претседателот на партијата. 

Според него, ова е процес кој не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, ниту на ДУИ, туку го засега обичниот човек. 

Освен за процесот за влегување во владата, Алијанса денеска избира и партиски тела. Делегатите на партијата ќе гладаат за претседател на Собрснието, потпретседатели на партијата, секретари на партијата и членови на Претседателството.

 

Даниел Василев