Албанските, македонските и косовските иселениците за неколкупати го зголемија проток на патници во пристаништето Драч
Иселениците, албански, македонски и косовски државјани, кои главно живеат и работат во Италија, а летниот одмор го минуваат во родниот крај, за неколкупати го зголемија протокот на патници и возила во албанското пристаниште Драч.
-Над 15 илјади лица влегле во земјава од морското пристаниште Драч во текот последните денови. Летните одмори значително го зголемија бројот на патници кои пристигнуваат на овој граничен премин од италијанските пристаништа. Главно станува збор за иселеници албански граѓани, како и косовски и македонски. Меѓу патниците има и италијански граѓани кои одлучиле одморот да го минат на албанското крајбрежје, пренесуваат албанските медиуми.
Додаваат дека зголемувањето на побарувачката условило зголемување на бројот на релациите по Јадранот. Двојните пловидби започнаа на линијата со Бари од четврток до недела, додека траектот од Анкона ќе плови секој ден.
Надлежните наведуваат дека се преземени сите мерки за обработка без одложување и создавање на потребниот застој, со зголемување на бројот на шалтери и персонал.
-Последните денови од овој и првите од следниот месец, вообичаено ќе донесе поголем проток на пристаништето бидејќи илјадници припадници на албанската дијаспора во земјите од Европската унија, главно оние кои живеат во Италија, летуваат и се враќаат во татковината во близина на нивните семејства и роднини, посочуваат медиумите.
Тоа го прават и македонските и косовските иселеници, бидејќи по изградбата на автопатот Тирана-Кукс, граничен премин Морина и Тирана- граничен премин „Блато“ кај Дебар, оддалеченоста е видно намалена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен