-->
-->
Албанскиот претседател пред Анкетната комисија на 9 септември
-->
Албанскиот претседател Илир Мета на 9 септември во 10 часот ќе се соочи со парламентарната анкетна комисија,која ги испитува неговите наводни прекршувања на Уставот.
Поканата, потпишана од претседателот на комисијата Улси Мања, до Мета е доставена вчера доцна попладне. Тој е само еден од повеќето сведоци кои комисјата ќе ги покани за исказ околу ова прашање.
На големиот интерес од новинарите дали ќе ја прифати поканата или не доколку биде повикан, претседателот Мета вчера на Фејсбук потврди дека позитивно ќе одговори доколку биде поканет.
- Шефот на државата треба да биде пример за институционална соработка. Верувам дека во овие две години направив се за да ја воспоставам оваа соработка, со целосно почитување на Уставот, владеењето на правото и јавниот интерес. Второ, јас едвај чекам да се вратам во парламентот, напиша меѓу другото Мета.
Претходно по барање на комисијата од претседателскиот кабинет доставен е одговор на повеќе прашања на 20 страници. До комисијата одговор доставиле и Централната изборна комисија, Изборниот колегиум ( Изборен суд) и Центарот за официјални публикаци.
Истрагата за претседателот Мета ќе трае до 9 октомври.
Мета, е до сега највисок официјален претставник на албанската држава што се појавува пред анкетна комисија.
Во меѓувреме на 6 септември во Тирана доаѓа делегација на Венецијанската комисија откако по предлог на анкетната комисија на 27 јули албанскиот законодавен дом побара итно мислење од неа околу ова прашање.
Во барањето потпишано од спикерот на парламентот Грамоз Ручи, се бара одговор на осум прашања поврзани со должностите и надлежностите на претседателот на Републиката, посебно околу уставноста на одложувањето на локалните избори кои претходно ги закажа за 30 јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници
-
Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери
-
Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни
-
Фидан: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж