Албанскиот Парламент на пленарна седница, опозицијата на протест
Албанскиот Парламент денеска ќе одржи пленарна седница, а истовремено пред законодавниот дом обединетата опозиција организира протест.
Според најавите, седницата на Парлементот почнува во 10 часот, додека протестот во 9,30 часот.
Од 16 февруари обединетата албанска опозиција има одржано шест големи протести пред Владата и Парламентот, на кои се бара оставка на премиерот Еди Рама, формирање преодна влада и спроведување предвремени парламентрни избори.
Масовен протест опозицијата закажа за 13 април пред Владата, но ќе протестира пред Парламентот секогаш кога ќе има седница.
Последниот протест се одржа на 21 март пред зградата на албанскиот Парламент, кој потоа се префрли пред Полицискиот директорат во Тирана.
Протестот пред Парламентот беше тензичен, се фрлаа димни бомби и тврди предмети кон полицијата, имаше обиди за насилно влегување во објектот и употреба на солзавец и водени топови од страна на полицијата.
Ново на Сител
-
ДСЗИ не најде пропусти во вонредниот надзор во кумановската болница каде почина родилката
-
Со месеци не плаќале патарина, полицајци и вработени во Државни патишта кривично ќе одговараат
-
Започна новата академска година – Си ја гледаат ли бруцошите иднината во Македонија?
-
Преглед на вестите од светот
-
Прв академски час на универзитетите
-
И синдикатите и газдите не се задоволни
-
Јаневска: Ќе го подигнеме студентскиот стандард
-
Преглед на вести од светот