Албанскиот Парламент изгласа продолжување на ветингот
Албанскиот Парламент по маратонска седница, преполна со меѓусебни обвинувања власт-опозиција и меѓу опозицијата, доцна синоќа, со 118 гласа „за“, ниту еден против и 4 воздржани, ги изгласа уставните измени за продолжување на мандатите на комисиите за ветинг, за уште 30 месеци.
Гласот за продолжување на ветингот во правосудството го дадоа и пратениците од опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша, во „интерес на еворпските интеграции на земјата“, како и еден пратеник од опозициското Движење за социјалистичка интеграција, тројца негови сопартијци, меѓу нив лидерката Моника Круемади беа воздржани, додека во гласањето не учествуваа Сали Бериша и пратениците, кои се негови поддржувачи.
По изгласувањето, кое беше проследено со ракоплескање, координаторот на пратеничката група на Демократската партија, Енкелејд Алибеај, рече дека пратениците од Демократската партија(ПД) требало да бидат против проверката, но додаде дека тие имаат „одговорност за формирање на државата“.
Координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалстичка партија(ПС), Таулант Бала, отфрлајќи ги обвинувањата на Бериша за договор меѓу ПС-ПД, рече дека бил убеден дека тие ќе ги обединат гласовите и оти со тоа победила Албанија.
Демократите успеаја на седницата да издејствуваат формирање две посебни парламентарни комисии, едната за нова територијална поделба и втората за изборни реформи.
Ново на Сител
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Кривична пријава против велешанец за криумчарење на тројца мигранти
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција