Албански државјанин починал по здобиени повреди при градежни активности во селото Баланци
Албански државјанин при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки повреди и починал.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски потврди дека се работи за 41-годишен жител од Пешкопеја.
- Вчера во 16:20 часот, во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека, Т.Д.(41) од Пешкопеја-Република Албанија, при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки телесни повреди и починал, изјави Димовски.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи и овластени лица од Државниот инспекторат за труд.
На подрачјето на оваа и соседните општини Дебар и Маврово и Ростуше, албански државјани од пограничните населени места се ангажирани како градежни работници, дрвосечачи, но и во сточарството.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник