Албански државјанин нападнал полицајци во Струга
Дваесет и двегодишен албански државјанин вчера бил лишен од слобода во Струга, поради „спречување службено лице во вршење на службени дејствија“.
Секторот за внатрешни работи Охрид денеска соопшти дека Ј.Д. од Република Албанија околу 14 часот бил запрен од полицијата на улица „Партизански одреди“ додека управувал патничко возило „Мерцедес“, со албански национални ознаки. Во возилото, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, имало уште две лица кои немале документи за идентификација.
– При преземањето на службените мерки, Ј.Д. (22) физички им се спротивставил на полициските службеници. Двете лица се приведени во полициска станица, при што утврдено е дека станува збор за албанските државјани Д.У.(19) и К.А.(20), изјави Димоски.
По насока на јавен обвинител лицето е задржано во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград