Македонија
22. July 2018 - 11:27

Албански државјанин илегално влегол во Македонија од Грција

Вчера во 19,15 часот во реонот на место викано „Солунски пат“, од страна на патролниот тим од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор “Стар Дојран“ поради илегален премин на државната граница од Р.Грција во Р.Македонија, бил приведен Д.М. (24) од Р.Албанија.

Со истиот бил извршен разговор, по што ќе биде изведен пред Судија за прекршоци во Основниот Суд-Гевгелија, за понатамошна постапка.