Албански државјани нападнале полицајци во Охрид
Две лица од Подградец, Албанија, ноќеска се лишени од слобода поради нарушување на јавниот ред и мир и напад на полициски службеници во Охрид.
Како што соопшти МВР, во кафе барот „Ликвид“ на ул.„Коста Абраш“ во Охрид, ноќеска во 01:45 часот по претходно пријавен нарушен јавен ред и мир, полициски службеници од Полициската станица Охрид забележале две лица кои биле под дејство на алкохол и се однесувале агресивно.
На барање на полициските службеници да се легитимираат лицата одбиле, а во еден момент и физички ги нападнале, по што полицисиските службеници врз нив употребиле средства за присилба - физичка сила, гумена палка и врзување со лисици.
Станува збор за лицата М.М.(29) и М.Р.(25), двајцата од Подградец, Албанија.
На полицисиските службеници им била укажана лекарска помош при што се констатирани гребаници по телото, а кај странските државјани не се констатирани повреди. Лицата се задржани во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана