Албанската полиција само во округот Скадар годинава уништила над 224 илјади стебла марихуана, денеска над 10 илјади
Во рамки на националната акција „Чиста територија“ албанската полиција годинава во округот Скадар, во северниот дел од земјата, уништени се над 224 илјади стебла марихуана.
Според Министерството за внатрешни работи само денеска уништени се над 10 илјади.
-Во периодот од први јануари до денес уништени се 224.500 стебла марихуана а само во текот на денешниот ден над 10 илјади. Регистрирани се 241 случај на одгледување на ова наркотични растение, додаваат од МВР.
Во овој период исто така разбиени се групи кои шверцувале паралелно се спроведувале акции за сузбивање на шверцот со марихуана и други силни дроги.
-Максимално се ангажирани 18 полициски екипи од комесаријатот во Скадар, кои дејствуваат на теренот, поддржани од безбедносните сили, специјалната единица „Ренеа“, со логистичка поддршка со средства на армијата, со голема мобилност и од хеликоптерот што оперира во длабоките недостапни планински предели, наведуваат од Министерството, објавувајќи видео од акцијата.
Фокусот на работата на структурите на ПК Скадар не е фокусиран само на уништување на наркотични растенија, туку и на борбата против криминални активности поврзани со дистрибуција на наркотични супстанции и трговија со нив, активности кои ќе продолжат.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар