Македонија
5. April 2024 - 16:28

Албанската опозиција ќе чека 6 месеци за промена на Уставот

Албанската опозиција е подготвена да чека 6 месеци за промена на Уставот. Претседателскиот кандидат на опозициската коалиција во албанскиот блок вели дека со Ахмети имале принципиелен договор според кој, ниту една албанска партија нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ доколку не се согласат со промена на Уставот.

Своја порака до албанската опозиција вчера од митингот во Скопје упати и опозицискиот лидер.

Мицкоски упати порака и до ДУИ. Им порача дека мирниот трансфер во опозиција може да биде нивниот најголем влог во напредокот на Македонија.