Албанија преку даночни олеснувања ќе го развива луксузниот туризам
Албанија планира во земјата да привлече синџири од хотели со пет ѕвезди преку даночни олеснувања.
Туризмот на земјата и обезбедил 8,4 проценти од БДП во 2016 година Сегашните капацитети во секторот и инфраструктурата сепак не одговараат на зголемената туристичка побарувачка, пренесува БТА..
За да привлече меѓународни ланци хотели, Владата планира овој месец да усвои закон, со кој тие ќе бидат ослободени од плаќање на данок на добивка во текот на 10 години. Се очекува да се укине данокот за инфраструктура и данок на имот. Данок на додадена во вредност од шест проценти се предвидува за секоја услуга во нивните хотели или летувалишта.
- Меѓународните синџири хотели или кој и да било кој поседува франшиза е добредојден доколку инвестира не помалку од осум милиони евра за хотел со четири ѕвезди и не помалку од 15 милиони евра за хотел со пет ѕвездички, изјави Елтон Орози, вработен во Министерството за туризам.
Ново на Сител
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа
-
Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер
-
Гаши пуштен на домашно лекување
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти