Албанија: Останува полицискиот час и другите анти-ковид мерки
Комитетот на експерти за справување со пандемијата одлучи полицискиот час и другите ограничувачки мерки во Албанија да продолжат и во следните две недели.
Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министерка за здравство рече дека сите мерки ќе останат на сила и покрај достигнувањата во последните две недели со кампањата за вакцинација, што ја направила Албанија прва земја во регионот според стапката на вакцинација.
Сепак, додаде и покрај достигнувањата, ситуацијата не е таму каде што треба да биде и затоа оценка на Комитетот е мерките да останат на истото ниво како порано.
-Тоа значи, дека полицискиот час, воведен од 11 ноември 2020 година, продолжува и ќе трае како и до сега од 20:00 до 6 часот, продолжува и наставата од далечина за универзитетите и другите нивоа на образование, освен за матурантите како и забраната за летови кон Велика Британија. Продолжува и забраната за групирање на повеќе од 10 лица, посочи таа.
Директорката на Институтот за јавно здравје Албана Фицо, која е член на комитетот, информираше дека процесот на вакцинација продолжува со зацртаната динамика и оти до сега се имунизирани околу 220 илјади лица, од нив 120 илјади постари лица од 75 години.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток