Албанија и Шпанија со заеднички групи за истрага на организираниот криминал
Албанија и Шпанија потпишаа договор за формирање заеднички групи за истрага во областа на борбата против меѓународниот организиран криминал, со помош на инструменти на полициско разузнавање и истрага.
Документот го потпишаа министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледи Чучи и шпанскиот амбасадор Алваро Ренедо Залба, во присуство на премиерите на двете земји, Еди Рама и Педро Санчез, кој е во поста на Тирана.
Договорот меѓу двете земји се однесува на потребата од меѓународна соработка за борба против сите форми на организиран криминал, особено криминалните организации чија цел е трговија со дрога, трговија со луѓе, перење пари од криминални активности и тероризам.
Шпанија и Албанија изведоа неколку успешни операции за разбивање криминални групи на полето на одгледување канабис. Една од нив беше акцијата „Добра“(Dobra), во која беа уапсени над 100 лица, како и ангажираност на над 400 полициски службеници во Шпанија, Албанија и Германија. Шпанскиот премиер, од Скопје, претпладнево допатува во Тирана во рамки на неговата балканска турнеја.
Ново на Сител
-
Осумнаесет израелски војници ранети во напад на дрон извршен од Хезболах
-
Екстремната десница извоjува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција
-
Многу топло со температура до 39 степени, од утре дожд
-
По 30 минути се чека на „Табановце“ и „Богородица“
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори