Албанија и Косово со заеднички конзулат и во Бари
Албанија и Косово ќе имаат уште еден заеднички конзулат, јави дописникот на МИА од Тирана.
По оној во италијанскиот град Милано, конзулатот на Албанија во Бари, ќе биде во служба и на државјаните на Косово, кои живеат и работат во јужниот дел на Италија.
Веста ја соопшти шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на неговиот профил на фјсбук.
„Албанија-Косово со заеднички конзулат и во Бари. Конзулатот на Албанија ќе биде во служба и на граѓаните на Косово. Стратешкото партнерство Албанија-Косово од ден на ден се продлабочува преку конкретни делувања во спроведувањето на среднорочниот план, договорен со мојот колега и пријател Енвер Хоџај“,напиша Бушати.
Тој исто така наведува дека набрзо ќе бидат конкретизирани работите за заеднички конзулат во Минхен, Германија.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР