-->
-->
Албанија го прекина и поморскиот сообраќај кон северна Италија
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2020/march/fnjeagnjrgerge-253575.png?itok=OafuaXTc)
По прекинот на авионскиот сообраќај од аеродрмот „Мајка Тереза“ во Тирана, кон северниот дел на Италија албанските власти целосно го забранија и поморскиот сообраќај.
Во наредбата потпишана од министерката за инфраструктура и енергетика, Белинда Балаку, стои дека се забрануваат сите движења на транспортни средства по море кон сите пристаништа во северниот дел на Италија.
„Забранети се сите движења на патници и возила на релација Драч-Анкона-Драч и Драч-Трст-Драч. На сите поморски транспортни средства чија дестинација се отворените пристаништа на Република Албанија нема да им се дозволи излегување на екипажите од пловните објекти во пристаништа, стои во наредбата на министертвото.
Генералната поморска управа веднаш ги извести пристанишните капетании, пристаништата на Република Албанија и поморските агенции за примената на ова ограничување,кое ќе важи се до ново известување.
Претходно албанската влада донесе одлука за прекин на наставата на сите нивоа, сите јавни собири,како и летовите кон Италија до трети април.
Во Албанја денска беа потврдени два случаи со коронаврус, татко (54) и син (28) од Тирана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврото падна поради изборите во Франција
-
ДКСК ќе одржи седница
-
Владината делегација ќе учествуваат на Самитот на НАТО во Вашингтон, ќе остварат бројни средби
-
Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид
-
На граничните премини Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека 15 минути
-
Српската полиција уапси седуммина активисти на здружението „Не го даваме Јадар“
-
Макрон одби да и се обрати на нацијата по вториот круг од парламентарните избори
-
Столтенберг: Ако Путин победи во Украина, тоа ќе го охрабри и кинескиот лидер