Алаѓозовски: Преместувањата се социјални прашања и барања на вработените во културата
Министерството за култура во овој период добива голем број барања за префрлување актери и вработени во културата од едно место во друго, изјави министерот Роберт Алаѓозовски, нагласувајќи дека не се работи за нови вработувања, ниту за некомпетентни автори или уметници, туку за социјални прашања и барања на самите вработени.
Изјавата на министерот е одговор на реакцијата на в.д. директорот на Драмски театар Сашо Тасевски кој вчера на социјалните мрежи му напиша на министерот дека нема да дозволи без да биде консултиран да му се наметнува трансфер на актери од други театри кои не му се потребни на Драмски чие ниво, како што смета, опаднало во последните години зашто се примале актери преку негативна селекција и протекции.
Во одговор на новинарско прашање по одбележувањето на патронатот на НУБ, Алаѓозовски рече дека не сакаат механизмот на работење надвор од животната средина да биде механизам на казнување, туку сакаат да им ги исполнат барањата на колку што е можно поголем број културни работници.
- Решаваме барање кога културните работници сакаат од Скопје да се вратат во своите матични градови, но се соочуваме и со ситуација кога оние кои работат во другите театри или во другите културни институции сакаат да си се вратат во Скопје. За жал, тоа е ситуација која произлегува од се уште актуелната централизација на Скопје и во таа смисла имаме зголемен број такви барања. Значи, не се работи за нови вработувања, не се работи за некомпетентни автори или уметници, туку за социјални прашања и барања на самите вработени во културата, рече министерот за култура.
Ново на Сител
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви
-
Вонредна седница на Парламентот на Србија на 29 јануари, ќе се расправа и за доверба на владата
-
Кузмановски: Покажавме како се игра за Македонија, има многу простор за напредување