Активнистите на „Охрид СОС“ бараат спречување на појавите на труење животни
Активистите на еколошката граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ во соопштение до медиумите реагираат на зачестените случаи на труење на животни во Охрид, Струга и регионот на Охридското Езеро, предупредувајќи дека незаконското расфрлање отрови го загрозува опстанокот на ретки и ендемски видови флора и фауна од огромно еволутивно значење, кои играат огромна улога во опстанокот на локалниот еко-систем.
- Во последните неколку месеци низ повеќе населени места во Охрид и Струга бевме сведоци на зачестени случаи на незаконско расфрлање пестициди и инсектициди кои во Македонија може да ги купи и дете во количина доволна да отруе цел град. Последиците од отровите беа полумртви и мртви бездомни и домашни кучиња и мачиња, а последната жртва е и еден примерок на нем лебед во селото Радожда. Загрижени сме за последиците кои овие очигледно високо токсични отрови можат да ги имаат врз останатите диви видови кои се дел од уникатниот екосистем на Охридското Езеро. А бидејќи сите видови се блиску поврзани и дел од еден сложен ланец на исхрана, последиците можат да бидат погубни и за луѓето кои ловат риби од езерото за храна. На езерото има и птици преселници кои отровот можат да го пренесат и преку границите на државата, стои во соопштението.
Активистите предупредуват и на опасноста од продирање на отровите во подземните слоеви на почвата кое го имаат одредени видови отрови со што, велат, би можеле да ја контаминираат водата за пиење во регионот. Испарувањето на езерото би го донел отровот во контакт со атмосферата каде преку дождот би можел да контаминира и зарази поголема површина и да предизвика вистинска еколошка катастрофа.
„Охрид СОС“ бара надлежните институции да реагираат за пронаоѓање на сторителите на делото и спречување на слични такви појави во иднина, а од граѓаните да бидат одговорни и совесни и доколку имаат некои сознанија за труењата да пријават во надлежните институции.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа