Активни два пожари, пожарот кај с.Фурка локализиран, утрово се догасува
Пожарот кај с.Фурка нема активно горење, локализиран е во 19.00 часот. Останати се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, другите се повлечени, а според раноутрински информации и план ќе се догасува, соопшти Центарот за управување со кризи.
Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана шума. Екипите се повлечени од терен.
По дојава, за пожар во местото од Куманово на кај Скопје по стар пат, конкретно кај с.Никуштак известени се: ТППЕ Куманово, лицето за контакт со Општина Липково и командирот на Полициска станица Матејче. Подетални информации од ЦУК најавуваат по пристигнување на екипите на терен.
Пожар има и кај с.Доброшинци, гори депонијата. Известена е ТППЕ Струмица за да преземат понатамошни мерки за гаснење на пожарот, наведуваат од ЦУК
Од добиените податоци од дежурниот во ТППЕ Кичево во с. Другово, Кичевско, е запалена плевна, а е непотврдено дека е зафатена и една куќа. Од 20.45 часот ТППЕ Кичево со две противпожарни возила и осум пожарникари е на интервенција на пожарот
Ново на Сител
-
ДКСК ќе одржи седница
-
Владината делегација ќе учествуваат на Самитот на НАТО во Вашингтон, ќе остварат бројни средби
-
Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид
-
На граничните премини Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека 15 минути
-
Српската полиција уапси седуммина активисти на здружението „Не го даваме Јадар“
-
Макрон одби да и се обрати на нацијата по вториот круг од парламентарните избори
-
Столтенберг: Ако Путин победи во Украина, тоа ќе го охрабри и кинескиот лидер
-
Состојба на патиштата