Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок
Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи и натаму има главниот град. Здравствените власти порачуваат дека нема оправдување за неносење маска и постојано апелираат да се почитуваат сите мерки зе заштита.
Од направените 762 тестирања, 109 нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера, оздравеле 422 заболени, а едно лице почина. Досега во земјата се направени вкупно 115590 тестирања на Ковид -19. Од почетокот на епидемијата се регистрирани 11942 случаи на заразени лица, излекувани се 8087 лица, а починаа 528. Додека, бројот на активни случаи изнесува 3327.
Најмногу активни случаи се бележат во Скопје 1177, во Штип 319, во Гостивар 306, во Куманово 263, во Тетово 171, во Струга 160, во Дебар 128, во Кичево 121, во Свети Николе 116, во Кавадарци 103, во Охрид 77, во Битола 74, во Македонски Брод 41, во Демир Хисар 29, во Виница 29, во Струмица 25, во Кочани 23, во Прибиштип 18, во Велес 27, Гевгелија 14, во Крива Паланка 12, Неготино 12, Рсен 12, во Радовиш 11, во Крушево 5, во Берово 4, во Делчево 3 и во Валандово има еден активен случај.
Од Министерството за здравство вчера порачаа дека нема оправдување за тие кои не носат маска, односно не ги почитуваат мерките.
Лекарите и медицинските лица, како што велат, секојдневно работат со заштитни маски и дополнителна заштитна опрема, но и во многу други професии вработените целиот работен ден го поминуваат со заштита.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се 466 прекршоци за неносење лична заштита на лице.
И Министерството за внатрешни работи повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Ново на Сител
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“
-
Коцевски демантира дека вршел притисок врз обвинители