Активен е пожарот кај кочанското село Главовица, огнот уништи 100 хектари шума
Шумскиот пожар кај селото Главовица на Осоговските Планини сè уште е активен, а на терен во изминатите три дена се пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво од Кочани, кои интервенираат во локализирањето и гасењето.
Покрај тешко пристапниот и стрмен терен, голем проблем претставува и ветерот што помага во брзото ширење на пламенот. Поради тоа, и покрај напорите на противпожарните екипи, пожарот не може да се стави под контрола.
-Ситуацијата е алармантна, огнот неконтролирано се шири, поради ветерот нон-стоп го менува правецот, а ние се движиме по линијата на пожарот во обид да ја изолираме. Денеска немаме поддршка од воздух, хеликоптерите се ангажирани на друго место. Мобилни се нашите екипи, а имаме помош и од колегите од Виница, како и доброволци од Делчево и Пехчево. Очекуваме да дојдат и пожарникари со едно возило од Макеоднска Каменица. Има многу долови во кои се спушта огнот, не е пристапен теренот и движењето на пожарот тешко може да се котролира, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.
Огнените јазици веќе уништија околу 100 хектари нискостеблеста и дабова шума, а приоритет на противпожарните екипи е да го спречат ширењето на пожарот кон повисоките падини на Осоговијата.
Покрај пожарот кај Главовица, пожарникарите добиле известување и за нов пожар во атарот на селото Рајчани, кај месноста Свиланово, како и во близина на селото Зеленград, кај локалитетот Раткова Скала.
Ново на Сител
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие