-->
-->
Актерот Том Хенкс и сопругата објавија дека имаат корона вирус
-->
Прославениот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон објавија дека имаат коронавирус. Тие велат дека побарале медицинска помош откако почувствувале симптоми на треска во австралиската сојузна држава Квинсленд, објави Би-Би-Си.
„Сега сме во изолација“, напиша 63-годишниот оскаровец на Инстаграм.
Хенкс и Вилсон престојуваа во Австралија, каде што тој работеше на нов филм за животот на Елвис Присли.
„Во еден момент почнавме да се чувствуваме уморно, како да имаме треска и малку нѐ болеше телото. За да постапиме како што треба, се тестиравме на коронавирус и излезе дека сме позитивни“, изјави Хенкс, додавајќи дека ќе продолжат да го информираат светот за развојот на нивната состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија