Македонија
24. August 2022 - 16:36

Ако нема помош од државата ќе поскапат и комуналните услуги

Повисоки сметки за комуналните услуги најавуваат од АДКОМ, доколку нема помош од Владата  за зголемените енергетски трошоци.

Од Здружението кое обединува 90 јавни комунални претпријатија на територија на целата држава, велат дека не добиле никаков одговор  од Владата за средбата  што ја побараа пред еден месец.

Од АДКОМ бараат Владата да покаже разбирање за овој проблем.

Потсетуваме дека на 18 јули АДКОМ јавно побара средба со претставници на Владата, на кои ќе се разгледа можноста за субвенции и поддршка на претпријатијата, кои имаат неколкукратен раст на трошоците предизвикан, пред се, поради енормниот раст на трошоците за електрична енергија.

На вчерашната владина седница пак Општина Арачиново доби 1 милион евра за санирање на канал за отпадни води. Градоначалниочката на град Скопје  рече дека доколку  Владата помага на општините за затворање на долгови од време кога немало енергетска криза, потребно е да помогне и на општините кои немаат начин како да го надминат кризниот период.

 Она што можам да го кажам како претседател на ЗЕЛС е дека до сега немаме никакаков одговр врзан со тие барања а пред се апелиравме повеќе пати и верувам дека тоа беше пренесено во јавноста, се бара помош за оние општини кои што се помали и навистина немаат од каде да изнајдат дополнителни сретства за да ја надминат оваа енергетска криза.Ние имаме општини кои што навистина се лимитирани од аспект на тоа каде и како можат да најдат финансиски сретства за да го издржат ова што се случува.

Општина Арачиново веќе два дена е без струја.  Жителите се жалат на недостиг на струја и ненавремено решавање на проблемот. Денеска излегоа  и на протест пред канцелариите на ЕВН во Скопје.

 Од ЕВН пак велат дека се додека не постојат нормални услови за работење и има спречување во работата, нема да постои можност за санација на дефектот  кој настанал  како резултат на преоптоварување на трафостаниците поради незаконско користење струја од страна на жителите.