Македонија
27. January 2017 - 15:56

Акдаг: На сириските лекари во Турција ќе им се издаваат специјални одобренија за работа

На сириските лекари и здравствени работници во Турција ќе им бидат издадени специјални одобренија за работа, така што тие ќе можат да лекуваат сириски бегалци во земјата, информира турскиот министер за здравство Реџеп Акдаг, цитиран од весникот „Хуриет дејли њуз“.

Министерот Акдаг во интервју за агенцијата Анадолија посочи дека сириските лекари и здравствени работници сега минуваат низ обука и полагаат испити во Турција и по три месеца ќе бидат подготвени да почнат со работа.

Акдаг изјави дека во земјата се формирани имиграциски здравствени центри, под контрола на Министерството за здравство, и сега Турција на своја територија на сите сириски бегалци им нуди бесплатна медицинска грижа.