Акција на СВР-Битола „Полицијата и граѓаните заедно против криминалот“
СВР-Битола почна акција за подигнување на свеста на граѓаните за самозаштита и превенција од кражби.
Од СВР-Битола на граѓаните им препорачуваат домот и скапоцените и други вредни предмети да ги осигураат склучувајќи осигурителна полиса, внимателно користење на социјалните мрежи, како и објавување на слики и места во кои престојуваат, со што им се укажува на останатите дека во тој момент не се дома, а со тоа стануваат лесен плен за кражба.
- На граѓаните им препорачуваме доколку се во можност да постават алармни уреди или видео надзор во нивните домови, моторни возила и слично, да внимаваат на своите платежни или кредитни картички, во паричникот да не се чува пин-кодот запишан на лист-хартија или пак залепен на картичката, а доколку ја загубат или им е украдена, веднаш да ја известат банката. За секаква кражба или ако сте жртва на ваквиот вид на криминал, веднаш пријавете во полиција, информираат од секторот за односи со јавност на СВР Битола.
Во рамките на акцијата „Полицијата и граѓаните заедно против криминалот“, Секторот за внатрешни работи-Битола ќе организира и едукативни предавања, состаноци и трибини за подигнување на нивото за самозаштита и превенција од кражби.
- Од соработката со полицијата зависи и степенот на пораст односно намалување на ваквиот вид кривични дела и затоа е значајна акцијата „Полицијата и граѓаните заедно против криминалот“, информираат од СВР-Битола.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот