Акција „Јас на гости во полицијата“ во Струмица
Стотина ученици од ООУ „Никола Јонков Вапцаров“ беа дел од акцијата „Јас на гости во полицијата“ во СВР Струмица.
Како дел од едукативното предавање, учениците се запознаа со безбедноста во сообраќајот, со состојбите на нарушување на јавниот ред и мир, грабнување дете, како и со девијантните и криминогени појави.
- Оваа активност мора да биде редовна за зголемување на свеста кај граѓаните од најмала возраст, особено во патниот сообрајќај. Децата се учесници во сообраќајот и мора да ги научат патните знаци, но и да стекнат соодветна култура и поведение. Последниве години, но и во летниот период имаме зголемена фрекфенција на возила и пешаци, пред се во летниот период поради враќањето на граѓаните кои живеат и работат во странство, појасни Љупчо Аѓилоски, водич на безбедносен сектор при Полициската станица за безбедност на патен сообраќај во Струмица.
Според статистиката на СВР Струмица, во пролетниот период, бројот на сообраќајки е зголемен за околу пет проценти во споредба со истиот период лани. Оттаму, додаваат дека треба уште да се работи на едукација на учесниците во сообраќајот.
- Иако преземаме превентивни и репресивни мерки, имаме малку зголемена бројка на прекршители на сообраќајните правила и прописи. Даваме максимум покрај другите работи, да се справиме и со прекршителите на сообраќајот, додаде Аѓилоски.
Во мај загинаа две деца на возраст од 4 и 5 години од струмичкиот регион во две сообраќајни несреќи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец