Ајкулите во светот загрозени поради вакцината против Ковид-19
Половина милион ајкули во светот би можеле да бидат убиени во потрагата по вакцината против Ковид-19, предупредува групата „Сојузници на ајкулите“ (Shark Allies).
Се работи за органската материја сквален, којашто се извлекува од црниот дроб на ајкулите. На пр., за еден тон сквален потребни се меѓу 2.300 и 3.000 ајкули. Според организацијата, за сите луѓе на планетава да добијат вакцина за коронавирус, тоа ќе значи убивање на околу 250.000 ајкули. Две дози од вакцината би убиле половина милион ајкули и, тоа е, како што посочуваат оттаму, сериозна опасност за Земјиниот екосистем.
Фармацевтскиот гигант ГСК моментално користи сквален за вакцините против грип бидејќи ја подобрува ефикасноста на вакцината создавајќи посилна имунолошка реакција.
Според еколозите, треба да се најде начин да се создаде вештачки еквивалент на оваа животинско-растителна материја. Скваленот е природно органско соединение кое се извлекува главно од мастите од црн дроб на ајкула, но може да се добие и од семето на коприва, пченка, од оризот, маслинките… Сите растенија и животни во своето тело произведуваат одредена количина сквален, вклучувајќи ги тука и луѓето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток