Македонија
8. December 2024 - 16:56

АХВ ги "чешла" градинките

Инспектори ги тресат приватните градинки во Македонија. При извршените вонредните надзори во кујните на градинките е утврдено дека во четири не се одржува добра хигиенска пракса, а еден оператор со храна немал спроведено задолжителен здравствен преглед на вработените лица во кујните.

„Со надзорите, утврдено беше дека 11 од контролираните кујни не се регистрирани во АХВ како оператори со храна за што се издадени налози за итна регистрација и се изречени парични казни. Хигиенските барања кои се однесуваат на немплелемтирани процедури на Добра хигиенска пракса, констатирано е дека не ги почитувале 4 од кујните во приватните градинки, а еден оператор со храна немал спроведено задолжителен здравствен преглед на вработените лица во кујните“, велат од АХВ.

За отстранување на утврдените недоследности, се 14 решенија со наредби, а изречени се и 13 пракршочни санкции - парични казни.

За среќа, со вонредните контроли кај овој тип оператори со храна, не е најдена небезбедна храна.

Редовни инспекции во градинките се спроведуваат и од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.