АХВ дошла до список од 30 производители на генетски модифициран ориз
По добиен список од 30 можни производители на генетски модифициран ориз, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ги продолжува контролите на терен.
Како што соопшти директорот на АХВ Зоран Атанасов, позната е и сортата ориз добиена од генетски модифицираното семе.
Со контролите ќе се утврди кои се тие производители, по што ќе бидат преземени и мерки соодветно на законот.
- Имаме сознанија која е сортата на ориз и имаме список на лица кај кои може да се најде. Денеска екипите се повторно на терен. Детално ќе се влезе и ќе се утврди кои се тие производители. Добиен е список од 30 можни кај кои ќе се појде. Тоа ќе се реализира во соработка со Управата за семе и саден материјал при МЗШВ, истакна Атансов, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Стопанската комора за измените на Законот за ветеринарни лекови.
Според директорот, контролите се зајакнати не само во земјава, туку и на граничните премини при увоз. Се подготвува план за контрола на годишната, но и на реколката ориз за 2019.
Директорот Атанасов напомена дека одговорноста за увезеното семе не е надлежност на АХВ туку, како што рече, на друга институција.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион