Македонија
7. November 2024 - 12:43

Ахмети - РОКАС: Само предвремени избори се излез од неизвесната политичка состојба

Решението за тешката политичка ситуација се заедничките двојни избори во октомври следната година е пораката која утрово лидерот на ДУИ му ја пренел и на евроамбасадорот Рокас 

За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус. 

 Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност. 

 Северна Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор. 

 Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија. 

  Ахмети повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година, информираат од ДУИ.