Агенцијата за патишта во Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа во кои загинаа 45 македонски државјани
Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник.
Според судот, АПИ е одговорна за 10% од настанатата штета и треба да и се наложи на секој од тужителите да им плати по 20.000 лева како надомест за нематеријална штета. Исто така, се признаваат околностите дека за предметната делница не е донесен акт 16 за автопат и затоа има статус на експресен пат, бидејќи делницата беше пуштена за сообраќај во 2007 година во фаза на акт 15, се вели во судската одлука.
Се наведува и дека возачот го возел автобусот со 106 километри на час, што е максималната брзина на делницата од 120 километри.
- При проектирањето на експресниот пат не биле испочитувани геометриските карактеристики. Проектираниот попречен наклон на кривината одговара на брзина од 90 километри на час, но нема поставено патна ознака Б26/90 километри на потребните места за ограничување на брзината, додаваат од судот.
Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала
Несреќата на автопатот Струма се случи нешто рано утрото на 23 ноември 2021 година, кај селото Боснек. Туристичкиот автобус во кој се наоѓаа 52 лица, удри во заштитната ограда на патот, се запали и целосно изгоре. Автобусот, сопственост на компанијата „Беса транс“ од Северна Македонија, се враќал од Истанбул кон Скопје. Истрагата за несреќата ја водеше Националната истражна служба. Првичните заклучоци беа дека виновен е возачот на автобусот кој возел со голема брзина.
На 20 јануари 2022 година пред Окружниот суд Перник беше покрената граѓанска постапка за обезбедување докази во врска со инцидентот. Беа побарани стручни проценки во однос на состојбата на делот од патот, вклучувајќи ги патните ознаки, заштитните огради и сообраќајните знаци.
Во август 2022 година роднините на настраданите поднеле барање за обештетување од 750 илјади евра против АПИ и Бугарската асоцијација на осигурување возила. Тезата на адвокатите на роднините на жртвите е дека во моментот на несреќата имало голем број технички неисправности на коловозот, погрешни ознаки и знаци, неквалитетни заштитни огради и асфалт, што влијаело на несреќата.
Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала
Во автобуската несреќа загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени. Автобусот беше дел од групата од четири автобуси на „Беса транс“ кои се враќаа од организирано патување во Истанбул.
Казна затвор од една година и осум месеци доби сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу бидејќи фалсификувал документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата. Казнета беше и фирмата „Беса транс“ како правно лице со парична казна од 800.000 денари и доби забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок од четири години од правосилноста на пресудата.
Во Бугарија се водеше судски процес за несреќата, а вината беше лоцирана кај возачот, кој исто така загина.
Ново на Сител
-
Македонци во Хрватска краделе пари, накит и други скапоцености по станови, направиле штета од најмалку 97 илјади евра | ФОТО
-
Манијак следел со возило две малолетнички, па се самозадоволувал пред нив
-
Не е познато колку точно луѓе загинаа во пожарите во Лос Анџелес, вели шерифот на округот
-
Сиљановска Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен и значи непочитување и непризнавање
-
Затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино село, намалена видливост на патот Тетово-Гајре
-
Модриќ поради вирус ќе го пропушти полуфиналето на шпанскиот Суперкуп
-
Со највисоки државни почести во Вашингтон почна погребот на Џими Картер
-
МНРиНТ: Изјавата на Костадинов е недолична, очекуваме да биде отфрлена од официјална Софија