Адвокатот на Палчо: Од сите има биолошки траги, а од него не
Адвокатот Маријан Витановски, кој го брани првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, покажа со прст кон другите обвинети во процесот, обвинувајќи дека од нив се најдени биолошки траги, но не и од неговиот клиент. Според Витановски, за другите има докази, но за Палевски – никаков доказ.
„Тој немал никаква врска и контакт со останатите обвинети за планирање на овој чин. Тој имал по друг основ. Тој не бил на наведената дата во Велес, нема никаков траг дека бил таму. Нема никаков траг дека е тоа тој, како што е наведено во обвинението, дека го зел телефонот на Панче Жежовски и го фрли. Пронајдени се траги, ама од друго лице. Да се оди во два правци, до Велес, па назад, а да не се пронајде ниту еден доказ, а за останатите обвинети има биолошки траги кои се предмет на вештачење, и се потврдени дека тие траги потекнуваат од тие лица, а нема траги од него“, рече адвокатот Маријан Витановски, кој го брани Љупчо Палевски.
Според адвокатот Витановски, потврда дека Палевски нема никаква врска со убиството на Жежовски е што на снимките кои ќе се презентираат, во автомобилот имало три лица, како што тврди, а не четири.
„Има траекторија на движење и за тој ден. Барав да ми кажат по базни станици каде бил остварен секој телефонски контакт“, рече Витановски, иако обвинителката во воведен збор кажа дека при секое убиство, обвинетите не ги носеле телефоните со нив.
Витановски вика дека Палевски бил во банка кога се извршило убиството.
„Има видео надзор во Халк банка, таму бил, судот може да добие такви податоци. Бараме судот да ги прибави тие податоци. Побаравме и од Улици и патишта, со десет локации да ни каже податоци за тоа, добивме одговор дека преку надлежен орган може само. Тоа е доказ“, рече Витановски.
Ново на Сител
-
Руската ПВО утринава соборила 70 украински дронови, од кои половината летале кон Москва
-
Јаневска: Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува
-
Демонстрации во Тел Авив и нов повик за ослободување на заложниците, на 400-от ден од нападот на Хамас
-
Најмалку 20 загинати во израелски напад на шиитскиот град Алмати, северно од Бејрут
-
Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег
-
Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот
-
Приведени двајца бегалци од затвор
-
Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје