Адеми: Музејот на албанската азбука во Битола ќе го посетуваат основците на екскурзиите
По иницијатива на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вчера е потпишан нов правилник за екскурзиите на учениците од основно образование, каде стои дека „сите ученици од основните училишта во Северна Македонија во рамки на ексурзиите треба да го посетат Музејот на албанската азбука во Битола“. Ова денеска го соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми на свечената академија по повод Денот на Албанската азбука во Битола.
– Колку и да е мал овој чин, ја има својата симболика за да и се даде важност и да се третира оваа тема од сите наши деца и ученици уште од освновното образование. Посакувам почесто да имаме вакви настани, промоции на книги и изложби и да бидат претставени во најдобро можно светло, истакна Адеми.
Тој потенцира дека во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје имале промоции на книги, изложби и како што рече, „во текот на оваа година го зајакниле кадровскиот капацитет и го удвоиле бројот на отсеци кои работат во рамките на Институтот“.
Инаку, на свечената академија во Битола присуствуваше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, почесни конзули, владини министри и градоначалници.
Ново на Сител
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба
-
Пожарот кај село Николиќ се уште активен, тешко пристапниот терен ја отежнува интервенцијата
-
Во Македонија лани изгореле 95.181 хектари шума - 3,7% од вкупната територија на државата
-
Премиерот добил дојава дека дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи ВРЕДИ уште во првиот круг
-
ДЗР: За раскинување на договорите за нов Клинички и болницата во Штип фирмите бараат 45 милиони евра отштета
-
Преглед на вестите од светот