АД ЕСМ: Краток прекин во работата на РЕК Осломеј поради пукната цевка
– РЕК Осломеј е во 48-часовен прекин поради пукната цевка, како најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира. Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежа од сабота, 29 октомври, информираат од АД ЕСМ.
Нагласуваат дека производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, односно за домаќинства и мали потрошувачи, се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред се, како што велат, со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола.
-РЕК Осломеј во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на силните инвестиции кои беа направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020 година во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси итн. Како резултат на тоа се забележува зголемено производство, така што заклучно со вчерашниот ден, производството од Осломеј достигна 219 гигават часови електрична енергија. Со тоа РЕК Осломеј го исполни и го надмина планот за производство за 2022 година, потенцираат од АД ЕСМ.
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница