Абе: Кина и Русија да направат повеќе во запирањето на Северна Кореја
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе ги повика Кина и Русија да сторат повеќе за запирањето на Северна Кореја откако Пјонгјанг ја изведе и втората проба со интерконтинентална балистичка ракета во рок од еден месец.
Абе, по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, денеска на новинарите им изјави дека двајцата се согласиле дека се потребни повеќе акции за да се ублажи заканата од Северна Кореја, пренесе Блумберг.
-Вложивме доследни напори за мирно решавање на севернокорејскиот проблем, но Северна Кореја тоа во целост го игнорираше и еднострано ја влоши ситуацијата, рече Абе во Токио, истакнувајќи дека меѓународната заедница, почнувајќи од Кина и Русија, мора сериозно да го сфати овој факт и да го засили притисокот.
И американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, минатиот викенд изјави дека Кина и Русија, во економска смисла, го овозможија таквото однесување на Пјонгјанг, потсетуваат американаските медиуми.
Коментарот на Абе придонесува кон се поширокиот јаз меѓу големите светски сили во врска со одговорот за режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, оценува Блумберг, додавајќи дека САД и нивните сојузници сакаат Кина и Русија, двете земји што заблежливо се потпираат на трговијата со Северна Кореја, да го прекинат приливот на пари во оваа земја, додека Пекинг и Москва ги повикуваат двете страни на компромис.
Ново на Сител
-
57 вработени на Токсикологија бараат одговорност од организациската директорка Бесија Иљази
-
Импровизираниот луна парк се уште не се демонтира - На потег УЈП и ДПИ
-
Судот му го одзема пасошот на обвинителот Иџет Мемети, тој негира дека е вмешан во случајот со мито
-
ДКСК бара одговорност од Габер, директорката на АСЈО тврди по одлуката на судот запрен е процесот на тестирање
-
Во ОКТА отворен центар за обука од областа на противпожарната заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети