Абазовиќ: Се залагам за Отворен Балкан
– Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека се залага за регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.
Тој за приштинската телевизија Клан Косова изјави дека „Отворен Балкан“ е осмислен да опфати шест земји од Западен Балкан и оцени дека Косово би имало најголема корист од учеството во иницијативата.
„Отворен Балкан е направен за шест земји, не е направен за пет и пол земји или три и пол земји, туку за шест земји. Секој кој учествува се претставува себеси и својата земја. Мое мислење, можеби грешам, е дека најголем интерес во регионот е Косово да биде во која било регионална иницијатива“, рече Абазовиќ.
Властите во Приштина и Црна Гора одбија да учествуваат во „Отворен Балкан“, додека во Босна и Херцеговина не беше постигнат консензус за приклучување кон иницијативата, која ги вклучува Србија, Албанија и Македонија.
Оваа иницијатива предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу земјите-членки.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски