-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје славеше против Ц.Олимпија
-->
Убава победа за МЗТ Скопје во АБА лигата и тоа против фаворизираната Цедевита Олимпија оде 79-74.
Македонскиот првак убаво го отвори натпреварот со водство од 6 поени и навести изненадување откако првиот дел го заврши со предност од плус шест (41-35) иако на моменти имаше и двоцифрено водство.
Сепак во финишот од средбата гостите беа во налет и
израмнија на 64-64. И кога Словенците навестија пресврт МЗТ со серија 10-2 и поведе со 74-66 на нецела минута до крајот, и извојува победа. Деандре Кук ја заврши средбата со со 26 поени. Војдан Стојановски, имаше 18 поени со шест скока, додека двоцифрен беше и Мајк Кафи со 12 поени.
Следен јадрански предизвик за МЗТ Скопје е тимот на Морнар, на кој ќе му гостува следниот петок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи