-->
-->
АБА лига: Мега поведе во полуфиналето против Будуќност
-->
Кошаркарите на Мега Лекс ги дели една победа од пласман во финалето на регионалната АБА лига, откако вчера го добија првиот полуфинален меч против Будуќност и поведоа со 1:0 во меѓусебните дуели во серијата прв до две победи.
На средбата одиграна синоќа во Подгорица, составот на Мега Лекс иако настапи ослабена без неколку повредени играчи, сепак успеа да направи „брејк“ против најдобро рангираната екипа во лигашкиот дел од сезоната со победата од 85:81.
Најефикасни во победничкиот состав беа Раде Загорац со 27 и Никола Јанковиќ кој постигна 14 поени.
Вториот натпревар овие екипи ќе го играат в сабота (19 март) во Сремска Митровица.
Вечер од 18 часот и 45 минути во Белград својот прв полуфинален дуел ќе го играат Црвена Ѕвезда и Цедевита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради