Кошарка
12. February 2017 - 10:20

АБА: Дозволија серија 19-0 и доживеаја катастрофа

Кошаркарите на Карпош Соколи доживеаја катастрофален пораз во Подгорица во рамките на 22.коло во АБА лигата. Будуќност славеше над Карпош Соколи 95:61 (35:15, 23:18, 17:12, 20:16).
Соколите добро го започнаа мечот во Подгорица, играа егал со домаќинот во првите седум минути, кога Будуќност имаше минимална предност 16:15. Но во последните три минути од првата четвртина Будуќност направи нестварна серија од 19:0, го доби првиот период 35:15 и го реши победникот.
 
Црногорскиот шампион по 22 натпревари има скор 16:6, додека Карпош е на девет победи и 13 порази.
 
Лабовиќ со 16, Пери со 15 и Трајковски со 14 поени беа најефикасни во редовите на Карпош Соколи. Во наредното коло скопскиот тим ќе ја пречека Црвена звезда.