-->
-->
8-ми Септември „таличен„ за кошаркарите
-->
На Евробаскетот во загрепската група Ц, денеска на програмата се натпреварите од 3.коло. Македонија за противник ќе ја има домашната репрезентација на Хрватска која важи за еден од фаворитите за највисок пласман.
Иако „Коцкестите„ ќе ја имаат и на овој меч фавористката улога како и поддршката од публиката во Арена, сепак, нашите репрезентативци веруваат дека може да направат и изненадување.
Една од причините поради која „црвено-жолтите„ веруваат во „чудо„ е и денешниот голем ден за Република Македонија. Имено, 8-ми Септември, денот на независноста на Македонија, во неколку наврати се покажа како „таличен„ за кошаркарите.
На 8.септември 2009 година на ЕП во Полска, репрезентацијата на Македонија ја оствари историскат прва победа на шампионатот. Беше совладан Израел нашиот голем должник од 1999 и 2007-та, а со таа победа „црвено-жолтите„ се пласираа во следната рунда.
Две години подоцна, во Вилнус 2011-тата, кошаркарите со победата над Грузија се пласираа во четвртфиналето на ЕП во Литванија, на тој начин честитајќи им го Денот на независноста на Македонија на своите сограѓани.
Ќе биде ли така и денеска, провереете низа директниот пренос од мечот Македонија – Хрватска кој ќе стартува од 21 часот на ТВ Сител
Од Загреб, Игор Трпески
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец