Македонија
28. May 2022 - 12:14

77 годишен маж со „југо“ игубил контрола и излетал од патот

На 27.05.2022 во 07.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на с.Подвис, патничко возило „југо корал“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(77) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото, Н.С.(82) од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.