Македонија
5. November 2021 - 11:47

72 годишен маж почина откако се преврти со трактор

На 04.11.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во атар на с.Горно Коњари, скопско, на место викано „Долг рид“, И.С.(72) од с.Горно Коњари, управувајќи трактор „имт“ се превртел и паднал, а за кусо време им подлегнал на повредите.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.